Средствата се наменети за капитални инвестиции, вклучувајќи училишта, градинки, водоводи, канализации и патна инфраструктура
Премиерот Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук напиша дека одржал работен состанок со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и министерот за локална самоуправа Златко Перински, на кој го утврдиле начинот на распределба на средствата за општините.
Станува збор 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините, а ќе се обезбедат со ребаланс на буџетот, сподели Мицкоски.
„По ребалансот и одлуката на Владата кон крајот на идниот месец, Министерството за локална самоуправа ќе објави повик до сите општини да аплицираат за овие средства. Средствата се наменети за капитални инвестиции, вклучувајќи училишта, градинки, водоводи, канализации и патна инфраструктура. На овој начин, реално го подобруваме животот на граѓаните и ја ставаме државата во функција на нивните потреби. Време е државата да направи повеќе за секој еден граѓанин. Со целата енергија работиме на реализација на ветеното“,
напиша Мицкоски.