Новина овој пат е што ќе има прекин на микрофоните, односно и двајцата кандидати се согласија да им се исклучат микрофоните кога не им е редот да зборуваат, со што се намалува можноста за прекини во дебатата меѓу Бајден и Трамп. За време на дебатите пред претседателските избори во 2020 година, Трамп и Бајден постојано се прекинуваа еден со друг
Според Си-ен-ен, фрлање паричка ќе ги одреди позициите на подиумот на кандидатите. Тие нема да можат да носат однапред напишани белешки, туку пред почетокот на дебатата ќе добијат хартија, молив и вода. Претставниците на нивните изборни штабови нема да смеат да разговараат со кандидатите до крајот на дебатата
Актуелниот американски претседател и кандидат за втор мандат Џо Бајден (81) и неговиот претходник Доналд Трамп (78) денеска во 21 часот по американско време (3 часот по средноевропско време) ќе се соочат на првата телевизиска дебата, која ќе се емитува од студиото на Си-ен-ен во Атланта, Џорџија, во рамките на кампањата за изборите за иден претседател на САД, кои треба да се одржат во ноември годинава, пренесува Си-ен-ен.
Предвидено е дебатата истовремено да се емитува и на други телевизиски канали, а модератори ќе бидат Џејк Тапер и Дејна Беш, водители на Си-ен-ен.
Според Гласот на Америка, дебата ќе трае час и половина, со две паузи за реклами.
Инаку, како што пренесуваат американските медиуми, пауза за реклами немало за време на дебата на претседателски кандидати на САД кога последните три децении за одржување на ТВ-дебати била задолжена Комисија за претседателски дебати.
По првпат од 1976 година, за време на дебатата во студиото нема да има публика.
Новина овој пат е што ќе има прекин на микрофоните, односно и двајцата кандидати се согласија да им се исклучат микрофоните кога не им е редот да зборуваат, со што се намалува можноста за прекини во дебатата меѓу Бајден и Трамп. За време на дебатите пред претседателските избори во 2020 година, Трамп и Бајден постојано се прекинуваа еден со друг. Во таа насока, следејќи ги искуствата од претходните години, според Си-ен-ен, модераторите ќе водат сметка за времето на излагање на кандидатите, како и да се обезбеди цивилизирана дискусија.
За разлика од минатите години, кандидатите на почетокот на дебатата нема да имаат воведни говори. Тие ќе имаат две минути да одговорат на прашањето, едноминутна реплика, како и едноминутен одговор на репликата. Модераторите ќе имаат дискрециско право да дадат дополнителна минута за излагање. На крајот од дебатата, кандидатите ќе имаат две минути, во кои ќе дадат завршни зборови.
Според Си-ен-ен, фрлање паричка ќе ги одреди позициите на подиумот на кандидатите. Тие нема да можат да носат однапред напишани белешки, туку пред почетокот на дебатата ќе добијат хартија, молив и вода. Претставниците на нивните изборни штабови нема да смеат да разговараат со кандидатите до крајот на дебатата.
Инаку, како што пренесуваат американските медиуми, Си-ен-ен, не соопшти кои теми ќе бидат опфатени во дебатата. Сепак, Си-би-ес наведува дека можни теми за разговор се безбедноста на границите и миграцијата, правата за абортус, како и пресудата за Трамп за тајна исплата на порноѕвездата Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година.
Можна тема на дебатата се предвидува дека ќе биде и обвинувањето за виновен на синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер, за нелегално купување и поседување оружје, додека бил зависник од дрога.
Пред одржувањето на американските избори предвидено е да се одржи уште една телевизиска дебата, планирана за 10 септември, а домаќин ќе биде Еј-би-си њуз.
Гласачите во САД сметаат дека кандидатот на Републиканската партија на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, е подобар кандидат кога станува збор за економијата, но дека кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден, е подобар во однос на зачувување на демократијата.
Според американскиот изборен процес, делегатите им се доделуваат на кандидатите за претседател врз основа на резултатите од партиските избори во одделни држави. За да ја обезбеди номинацијата, кандидатот мора да има одреден број делегати кои потоа формално се изјаснуваат на партиските конвенции.