Од ЦУК информираат дека планинарска спасителна служба вчера од 13:40 до 15 часот имала апасителна акција на територија на Општина Охрид
Холандски турист со скршеница на нога вчера во попладневните часови бил извлечен кај селото Елшани, охридско, информира Регионалниот центар за управување со кризи во Охрид.
Оттаму информираат дека лицетот било пренесено во охридската болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, каде е изгрижено на понатамошен третман.
„Планинарска спасителна служба вчера од 13:40 до 15 часот имала спасителна акција на територија на Општина Охрид. Било извршено извлекување на повредено лице од околината на селото Елшани, кое имало скршеница“,
велат од ЦУК.
Според информациите, се работи за холандски турист кој откако бил прегледан од Итната медицинска помош бил пренесен на понатамошно лекување во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.