Од претпријатието информираат дека правото на бесплатен јавен превоз за средношколците за време на летниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2024 г.
Средношколците од Скопје кои ги исполнуваат условите за користење бесплатен јавен превоз ќе може бесплатно да се возат во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ и во текот на летниот распуст.

Од претпријатието информираат дека правото на бесплатен јавен превоз за средношколците за време на летниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2024 г.
„Во неа, меѓу другото, се вели ‘со почетокот на 2024 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување феријална пракса и практикантска обука…’“,
велат од ЈСП.