Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (6 јуни 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание:
– По договор „во четири очи“ ДИК ѝ платила на „Дермалог“ речиси половина милион евра за надградба на фингерпринт-уредите за двојните избори; купени се и 500 нови батерии по цена од 79 евра за парче (на интернет една таква батерија чини од 5 до 20 евра, провериле во „Транспаренси интернешнл“);
– По падот на лифт во ресторан во Штип, кој однесе еден живот: во земјава има околу 13 илјади лифтови, но повеќе од половина не се пријавени во регистарот на Државниот инспекторат за техничка инспекција, па нема информација дали се поставени законски и дали редовно се одржуваат;
– Конзерваторскиот центар прво се согласил, а сега смета дека не треба да се гради висококатница близу Воена болница во скопски Карпош – активистите бараат одземање на одобрението за градба, инвеститорот се жали на правна несигурност;
– На крајот на месецот СДСМ ќе добие нов претседател – по Ристовски, Филипче, Петровска, Деспотовски, денеска за лидерската трка се пријави и Александар Бајдевски;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.