Командантот на украинските воздухопловни сили изјави дека воздушната одбрана соборила 35 од 53 руски ракети и 46 од 47 беспилотни летала

Русија лансира низа проектили и беспилотни летала денеска наутро оштетувајќи ги енергетските капацитети во пет региони низ Украина, соопштуваат украинските власти.
Украинскиот национален мрежен оператор „Укренерго“ соопшти дека нападот ги оштетил енергетските капацитети во источниот дел на Донецк, југоисточниот регион Запорожје и Днепропетровск, централниот регион Кироворад и регионот Ивано-Франковск на запад.
„Денеска наутро Русите извршија нов напад врз украинските енергетски капацитети. Од март ова е веќе шести масовен, комплексен, ракетен и беспилотен напад врз цивилната енергетска инфраструктура“,
велат од „Укренерго“.
Командантот на украинските воздухопловни сили изјави дека воздушната одбрана соборила 35 од 53 руски ракети и 46 од 47 беспилотни летала.
❗️On the night of June 1, Russian forces launched a powerful strike on critical infrastructure facilities in various regions of Ukraine.
— KyivPost (@KyivPost) June 1, 2024
Overnight, Ukrainian air defense shot down 81 Russian aerial targets:
▪️30 Kh-101/Kh-555 cruise missiles;
▪️4 Kalibr cruise missiles;
▪️1… pic.twitter.com/sNSZqQ6rbx
Од март Русија го засили бомбардирањето на електричната инфраструктура на Украина оневозможувајќи поголем дел од производството на топлинска и хидроенергија предизвикувајќи прекини на струја и туркајќи го увозот на електрична енергија на рекордно ниво.
ДТЕК, најголемата украинска приватна компанија за производство на енергија, рече дека за време на нападот биле погодени нејзините две термоелектрани, а опремата „сериозно е оштетена“.
Регионалните власти известија дека по нападите пожарникарите гаснеле пожари на неколку локации. Засега нема информации за повредени или загинати лица.
Голем руски ракетен напад врз Харков имаше и вчера кога беа погодени станбени згради, а најмалку тројца беа загинати.
Вчера медиумите пренесоа дека САД ѝ дозволија на Украина да користи американско оружје за да напаѓа цели во Русија, но само во близина на границата со областа околу украинскиот град Харков. Одлуката претставува промена во ставот на претседателот Џо Бајден, кој досега одбиваше да му дозволи на Киев да користи американско оружје за напади на руска територија.
Сепак, како што се наведува, ќе останат ограничувањата за употребата на американското оружје со долг дострел, како што е армискиот тактички ракетен систем.
