Оттаму нагласуваат дека ваквата наредба претставува грубо прекршување на слободата на говор и професионалното новинарство, спротивно на Уставот и потсетуваат дека цензурата во Македонија е забранета со член 16 од Уставот на РСМ
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува обидот за цензура и ограничување на правото на говор од страна на Бесија Иљази, организациски директор на Клиниката за Токсикологија во Скопје.
„Според денешната пријава од членови на ЗНМ, на влезот на Клиниката за Токсикологија во Скопје јавно била истакната наредба со која се забранува на вработените да имаат контакти со новинари или медиуми. Во наредбата од 20.05.2024 година, се вели дека согласно член 30 и 31 од статутот на ЈЗУ Клиника за Токсикологија Скопје, се забранува неовластено присуство, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес-конференции, со што би се нанело штета на интересите и угледот на клиниката“,
информираат од ЗНМ.

Оттаму нагласуваат дека ваквата наредба претставува грубо прекршување на слободата на говор и професионалното новинарство, спротивно на Уставот и потсетуваат дека цензурата во Македонија е забранета со член 16 од Уставот на РСМ.
„Јавните здравствени установи и сите јавни институции во државата треба да обезбедат јавност во своето работење и да информираат за своите одлуки и работа, а не да забрануваат информирање за теми од јавен интерес. Новинарите се должни да објавуваат информации што содржат сомнеж за злоупотреби на сите носители на јавни функции, бидејќи на тоа ги обврзува новинарскиот Кодекс, кој јасно наведува дека новинарот ќе ги почитува законите, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес“,
посочуваат од Здружението на новинари.
ЗНМ формално ќе се обрати до министерството за здравство и ќе бара одговорност од директорката на Клиниката за токсикологија и од сите инволвирани во донесувањето на оваа наредба. Дополнително, ЗНМ ќе инсистира за итно повлекување на наредбата и на воспоставување на транспарентност во работењето на клиниката, со цел да се осигура слободата на говор и правото на новинарите да информираат за прашања од јавен интерес.
Клиниката периодов ја тресат низа скандали. Истата ја предводи само организациската директорка Бесија Иљази, откако министерот за здравство Илир Демири на 14 мај го разреши медицинскиот директор д-р Данил Петровски.
*Поврзани вести:
- Вработените на Токсикологија реагираат: В.д. директорката на работа останува по 4 часа, го зголеми долгот на клиниката и не ја осигури
- Дали организациската директорка на Токсикологија го има ангажирано својот татко како преведувач, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
- Министерот за здравство го разреши медицинскиот директор на Токсикологија
- ДСЗИ ќе издаде решение за забрана за пристап на здравствените работници на Клиниката за токсикологија кои немаат договор за вработување
- На Токсикологија пукна цевка од парно – поплавени се канцеларии, болнички соби и дел од подрумите
- Лекарите од Токсикологија реагираат: Се инсистира на 18 нови вработувања, меѓу кои и на болничар што сакал да скрие наркотици во урина
- Беќаровски најави кривична пријава за обвинувањата дека навредувал колеги на национална основа