Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува Мајк Зафировски – американски Македонец, менаџер познат во светски рамки и соосновач на „Македонија 2025“ – се емитува вечерва (20 мај 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 правиме отклон од темите што доминираат во постизборието кај нас, иако она за што разговараме е повторно поврзано со прашањето – како до побрз развој на земјава. Наш и ваш гостин ќе биде Мајк Зафировски, Македонец кој повеќе децении живее и работи во Соединетите Американски Држави, но редовно ја има во мислите и ѝ се враќа на татковината. Мајк Зафировски бил на важни менаџерски, извршни и советнички позиции во големи американски и мултинационални компании и корпорации, како „Џенерал електрик“, „Боинг“, „Нортел“, „Моторола“, а во моментов раководи со семејната „ЗАФ груп“. Во земјава дојде, меѓу другото, поради самитот на „Македонија 2025“, невладина организација основана од гурбетчии, која сака да го помогне развојот на земјава. На македонската економија ѝ треба раст на годишно ниво од над 5% и тоа е достижно ако се постави како приоритет, смета Зафировски. Тој ја коментира и политичката промена по изборите, како и проблемите што повторно се отвораат со Грција поради некористењето на уставното име од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а во најава и од идниот премиер.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.