Израел повторно нападна делови од северна Газа овој месец, иако во јануари прогласи крај на големите операции
Израелските воени сили и тенкови навлегоа подлабоко во делови од северниот кварт на Појасот Газа што претходно ги заобиколија во седуммесечната војна досега, убивајќи и ранувајќи десетици Палестинци, велат жителите и медицинскиот персонал.
Израелските воени сили окупираа и некои области на Рафах, јужен град вдолж границата со Египет, во моментов полн со раселени жители од Појасот Газа. Израел повторно нападна делови од северна Газа овој месец, иако во јануари прогласи крај на големите операции. Истовремено, израелските сили најавија дека ќе се вратат таму за да спречат прегрупирање на палестинската исламистичка група која владее со Газа.
Едно од нападнатите места е Џабалија, најголемиот од осумте бегалски кампови во Појасот Газа.
„Гранатираат без престан“
Војници и тенкови излегоа на улиците на кампот, кој досега беше поштеден од копнена офанзива, велат жителите. Според зборовите на еден лекар, во еден израелски напад загинале 15 Палестинци, а десетици биле ранети. Министерството за здравство и цивилните служби за вонредни состојби во Газа известија дека нивните тимови примиле десетици повици за можни жртви, но не можеле да ја потврдат информацијата поради тековната копнена офанзива и воздушно бомбардирање.
„Денес е најтешко, кога има бомбардирање, воздушни напади и гранатирање од тенкови затоа што се трае речиси без престан. Знаеме дека десетици луѓе се убиени и ранети, но ниту една брза помош не може да влезе во областа“,
изјави за Ројтерс еден од жителите на Џабалија, Ибрахим Калед.
Израелската војска соопшти дека нејзините сили продолжиле да дејствуваат во областите низ Појасот Газа, вклучувајќи ги Џабалија и Рафах, како дел од, како што рече, „прецизни операции против терористите и инфраструктурата“.