Како што се гледа на видеото објавено на јутјуб-каналот на РТС, на местото на сударот веднаш пристигнале екипи на полицијата, на противпожарните единици и лекари од Итната помош
Вечерва во 18 часот и 26 минути се случи несреќа во тунелот кај Панчевачкиот мост во Белград, кога патнички воз удрил во задниот дел на товарен воз кој стоел на пругата и чекал да тргне, соопштија од управата на српските железници, пренесува националната српска телевизија РТС.
Според министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, кој веднаш отишол на местото на несреќата, евакуирани биле девет лица, благодарение, како што посочи, на брзата интервенција на полицијата и на пожарникарите.
Како што се гледа на видеото објавено на јутјуб-каналот на РТС, на местото на сударот веднаш пристигнале екипи на полицијата, на противпожарните единици и лекари од Итната помош.
Српското Министерство за внатрешни работи соопштило дека според првичните информации, судирот се случил на десната коловозна лента од железницата, која оди во правец кон Панчевачкиот мост.

Според првите информации од терен, како што пренесуваат српските медиуми, во овој железнички судир се повредени машиновозачот и кондуктерот од патничкиот воз, како и неколкумина патници.
Железниците на Србија испратиле соопштение до јавноста во кое се вели дека ќе спроведат истрага која треба да ги утврди причините за овој судир.