Со највисоки државни и воени почести, попладнево во претседателската вила на Водно се одржа примопредавање на функцијата
Во содржинскиот дел од соопштението воопшто не се спомнува името на државата. Тоа е присутно само на логото на кабинетот, кое е дел од соопштението
На влезот на работната вила новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова беше пречекана од досегашниот шеф на државата Стево Пендаровски. Дочекот беше придружен со највисоки државни и воени почести, а пред да започнат да се движат кон вилата беше интонирана државната химна.

„По официјалната церемонија на примопредавање на функцијата претседател, македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова оствари тет-а-тет средба со поранешниот претседател Стево Пендаровски и ги поздрави вработените во кабинетот на претседателот. На средбата Пендаровски ѝ честита на претседателката Силјановска-Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех во извршување на функцијата. Двајцата соговорници го поздравија спроведениот изборен процес посочувајќи дека изборите беа израз на волјата на македонската јавност и ја демонстрираа демократската зрелост на нашата држава“,
пишува во соопштението испратено од кабинетот на шефот на државата.

Во содржинскиот дел од соопштението воопшто не се спомнува името на државата. Тоа е присутно само на логото на кабинетот, кое е дел од соопштението.