Од почетокот на изборниот ден во 7 часот, по шест часа гласање, на парламентарните избори гласале 457 562 избирачи, а на изборите за шеф на државата гласале 406 205 избирачи
Од обработени 97,46 отсто или 3 419 од вкупно 3 508 избирачки места излезеноста на гласачите во вториот круг од претседателските избори до 13 часот е 22,79 отсто, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК) објавени на нејзината веб-страница кои се ажирураат сукцесивно.

За парламентарните избори, пак, од обработени 97,30 отсто или 3 383 избирачки места од вкупно 3 477, излезеноста до 13 часот, според податоците на ДИК, е 25,77 отсто.

Од почетокот на изборниот ден во 7 часот, по шест часа гласање, на парламентарните избори во апсолутни бројки гласале 457 562 избирачи, а на изборите за шеф на државата гласале 406 205 избирачи.
Инаку, во првиот круг од претседателските избори на 24 април излезеноста до 13 часот беше 24,71 отсто на обработени 97,01 процент од избирачките места.
За вториот круг од претседателските избори да биде успешен, односно да се избере претседател, потребно е на гласање да излезат повеќе од 40 отсто од вкупниот број на запишани избирачи. Во апсолутни бројки, тоа значи дека од вкупните 1 814 317 избирачи, на гласање треба да излезат најмалку 725 727 гласачи.