Се верува дека Северна Кореја го зголемува производството на артилерија, а САД и Јужна Кореја ја обвинуваат дека ѝ доставува оружје на Русија
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун вчера го надгледуваше пробното истрелување на ракети од 240 милиметри од повеќецевни минофрлачи произведени од новоформираната воена индустриска постројка, објави денеска севернокорејската новинска агенција КЦНА.
КЦНА не даде дополнителни детали за објектот. Се верува дека Северна Кореја го зголемува производството на артилерија, а САД и Јужна Кореја ја обвинуваат дека ѝ доставува оружје на Русија.
Северна Кореја ги отфрли обвинувањата. Пробното истрелување покажа дека проектилите ги исполнуваат потребните стандарди за прецизност и дострел, соопшти КЦНА.
Според КЦНА, Ким рекол дека певеќецевниот ракетен систем, кој вклучува нова технологија, ќе донесе стратешка промена во зајакнувањето на артилериските способности на војската.