Потоа следуваат двајцата кандидати на партиите на Албанците, каде што битката ја добива Бујар Османи од ДУИ со 112 368 гласови, наспроти 79 211, колку што досега има кандидатот на коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари
Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, продолжува да води со 2:1 пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, покажуваат најновите официјални резултати на интернет-страницата на Државната изборна комисија по првиот круг на претседателските избори.
По пребројани 91,47% од избирачите, Гордана Силјановска-Давкова има 330 270 гласа, а Стево Пендаровски 164 697 гласа.

Потоа следуваат двајцата кандидати на партиите на Албанците, каде што битката ја добива Бујар Османи од ДУИ со 112 368 гласови, наспроти 79 211, колку што досега има кандидатот на коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари.
Од останатите, најдобар резултат има Максим Димитриевски од ЗНАМ со 72 933 гласа, па Билјана Ванковска Цветковска од Левица со 36 614 гласа и, на крај, Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 7 632 гласа.