Претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова денеска, на првиот круг претседателски избори, извојува убедлива победа против претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со градоначалниците на Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода, Бобан Стефковски, Тимчо Муцунски и Орце Ѓорѓиевски, на социјалната мрежа Фејсбук споделија победничко селфи.

Претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова денеска, на првиот круг претседателски избори, извојува убедлива победа против претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.
Според последните податоци од Државната изборна комисија, од обработени 89,40% избирачки места, Силјановска има освоено 321 775 гласови, а Пендаровски 160 043 гласови.
Силјановска вечерва на прес-конференција изјави дека во вториот круг очекува поддршка од сите, особено од опозицијата.
Пред палатата „Христо Татарчев“ во Скопје, поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ ја слават победата со факели и тапани.