По завршувањето на гласањето, на прес-конференција од Изборниот штаб на кандидатот за претседател на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ, Бујар Османи, Арбер Адеми соопшти дека изборниот ден поминал во мирна атмосфера, во кој, како што додаде. граѓаните слободно и во голем број ја искажале својата политичка волја
Со зурли и тапани вечерва пред седиштето на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Мала Речица слават симпатизерите и приврзаниците на Бујар Османи, кандидатот за претседател од „Европскиот фронт“, јавува репортерот на „360 степени“.
На видеата се гледа како со народна музика карактеристична за албанскиот фолклор, тие се веселат и им лепат пари на музичарите.

Голем дел од присутните оваа прослава во живо ја пренесуваат и на своите профили на социјалните мрежи.

Како што може да се види на видеата, најголем дел од присутните се млади лица.
По завршувањето на гласањето, на прес-конференција од Изборниот штаб на кандидатот за претседател на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ, Бујар Османи, Арбер Адеми соопшти дека изборниот ден поминал во мирна атмосфера, во кој, како што додаде. граѓаните слободно и во голем број ја искажале својата политичка волја.
„Ова е наш заеднички успех. Покажавме демократска зрелост, како што ѝ доликува на земја членка на НАТО и земја преговарач со Европската Унија. Сакаме да им се заблагодариме на сите граѓани што гласаа за нашиот кандидат, д-р Бујар Османи. Со тоа му го доверија својот глас и на ‘Европскиот фронт’. Вашата волја е запишана и таа ќе биде дел од идните политики на РС Македонија“,
рече Адеми.
На новинарско прашање кои се нивните очекувања на крајот од изборниот ден, Адеми рече дека очекуваат голема победа на нивниот кандидат.
„Сите информации од терен го потврдуваат тоа. Очекуваме победата да биде голема и историска“,
рече тој.