„Денеска граѓаните го кажаа својот збор, а на нас е да ја преточиме својата волја во акција. На крајот да им се заблагодариме на домашните и странски набљудувачи, како и на сите волонтери по штабовите. Имавме исклучителна кампања, напорна и вредна кампања. Беше европска. Имавме квалитетна кампања на која треба сите да се гордееме. Да им се заблагодариме на сите партии во ‘Европскиот фронт’ и на сите учесници во коалицијата“, соопштија од Изборниот штаб на кандидатот за претседател на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ, Бујар Османи
Народот го кажа своето. Дозволете да им честитаме на сите граѓани. Имавме мирен изборен ден во кој граѓаните слободно и во голем број ја искажаа својата политичка волја. Имавме фер и слободни избори кои се одржуваат во демократски дух и компетитивна атмосфера.
Ова денеска на прес-конференција од Изборниот штаб на кандидатот за претседател на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ, Бујар Османи, го соопшти Арбер Адеми.

„Ова е наш заеднички успех. Покажавме демократска зрелост, како што ѝ доликува на земја членка на НАТО и земја преговарач со Европската Унија. Сакаме да им се заблагодариме на сите граѓани што гласаа за нашиот кандидат, д-р Бујар Османи. Со тоа му го доверија својот глас и на ‘Европскиот фронт’. Вашата волја е запишана и таа ќе биде дел од идните политики на РС Македонија“,
изјави Адеми.
Според него, суштината на демократијата е граѓаните да одлучуваат за себе и својата иднина.
„Денеска граѓаните го кажаа својот збор, а на нас е да ја преточиме својата волја во акција. На крајот да им се заблагодариме на домашните и странски набљудувачи, како и на сите волонтери по штабовите. Имавме исклучителна кампања, напорна и вредна кампања. Беше европска. Имавме квалитетна кампања на која треба сите да се гордееме. Да се заблагодариме на сите партии во ‘Европскиот фронт’ и на сите учесници во коалицијата“,
рече тој.
На новинарско прашање кои се нивните очекувања на крајот од изборниот ден, Адеми рече дека очекуваат голема победа на нивниот кандидат.
„Сите информации од терен го потврдуваат тоа. Очекуваме победата да биде голема и историска“,
рече Адеми.