Според него, согласно податоците за нерегуларности добиени од набљудувачите, забележано е вршење на притисок врз гласачи во Општина Сарај, импровизиран штаб во близина на училиштето „Гоце Делчев“ во Гостивар, а забележани се и случаи на семејно и колективно гласање за кои истите лица биле предупредувани од страна на избирачките одбори и акредитираните набљудувачи
Изборниот процес помина генерално мирно во фер и демократска атмосфера со низа помали прекршувања пред се предизвикани од партиите на власт и нивните активисти, оцени на денешната прес-конференција, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски.
Тој им честиташе на граѓаните, како што рече, за високата демократска свест манифестирана преку големата излезност.

„Со тоа народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори како крстопат кога се одлучува за правецот во кој ќе се развива нашата држава. Онаква каква што сакаме да ја видиме, напредна земја со европски стандарди“,
изјави Муцунски.
Според него, согласно податоците за нерегуларности добиени од набљудувачите, забележано е вршење на притисок врз гласачи во Општина Сарај, импровизиран штаб во близина на училиштето „Гоце Делчев“ во Гостивар, а забележани се и случаи на семејно и колективно гласање за кои истите лица биле предупредувани од страна на избирачките одбори и акредитираните набљудувачи.
„На неколку изборни места во втората изборна единица, поточно во Куманово, нотирани се нерегуларности од типот нефункционалност на УВ-апаратите или немање на печат. При примопредавањето на изборниот материјал не биле потпишани сите субјекти“,
рече Муцунски.
За сите забелешки, додаде тој, сооодветно ќе постапат пред надлежните институции „затоа што во наш и во интерес на Македонија е да имаме чист изборен процес, процес кој според нас треба да помине со победа на Македонија и визијата за реформи“.