Во споредба со првиот круг од претседателските избори од 2019 година, до 17 часот на овие избори се забележува поголема излезеност за околу 9 отсто
Излезеноста на гласачите на првиот круг од претседателските избори до 17 часот е 44,18 отсто, согласно податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 1 788 избирачки места.

Од вкупно запишани 899 977 гласачи на овие избирачки места, како што соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски, гласале вкупно 397 612 избирачи, односно 44,18 отсто.
„Во споредба со првиот круг од претседателските избори од 2019 година, до 17 часот на овие избори се забележува поголема излезеност за околу 9 отсто“,
информира Даштевски.
До 17 часот најголема излезеност е забележана во Новаци (67,19 отсто), а најмала во Пласница (15,5 отсто).
Државната изборна комисија, како што информира Даштевски, до овој момент пристигнале вкупно 308 приговори за заштита на лично избирачки право. Од нив 75 се усвоени и на избирачите им овозможува да гласаат.
„Дваесет и седум приговори се отфрлени како неуредни, а 38 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка“,
рече Даштевски на денешната прес-конференција.