Право на глас на годинашните, седми по ред претседателски избори во земјава имаат 1 814 317 избирачи. Се гласа на вкупно 3 508 избирачки места низ државата
Гласањето на првиот круг од претседателските избори помина мирно и без поголеми инциденти. Како изгледаше атмосферата во дел од избирачките места низ државата погледнете на фотографиите во продолжение.






Право на глас на годинашните, седми по ред претседателски избори во земјава имаат 1 814 317 избирачи. Се гласа на вкупно 3 508 избирачки места ширум државата.

Во трката за шеф на државата има седум кандидати. За победа во првиот круг од изборите потребно е кандидатот да освои гласови од повеќе од половина од вкупниот број регистрирани избирачи. Доколку тоа не се случи, ќе се одржи втор круг од претседателските избори на 8 мај, заедно со парламентарните.

Правото на глас денеска го остварија и седумтемина претенденти за претседателската функција.







- (ВИДЕО) Пендаровски: Држава која преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес
- (ВИДЕО) Силјановска-Давкова: Дојде време, дојде час да си замине оваа власт
- Јакимовски: Граѓаните најголема штета ѝ прават на Македонија ако не излезат да гласаат
- (ВИДЕО) Османи: Граѓаните се исправени пред две опции – очекувам да ја донесат вистинската одлука
- (ВИДЕО) Ќе видиме како граѓаните ќе ме проценат, овде учителките ме процениле одамна, рече Ванковска откако гласаше во училиштето каде што учела
- Таравари: Мојата порака до сите е овие избори да бидат фер и демократски и да победи подобриот
- (ВИДЕО) Димитриевски: Се надевам дека денеска во Македонија ќе победи демократијата
Изборниот ден заврши во 19 часот со затворање на гласачките места низ земјата.