Пендаровски изрази надеж дека, како минатиот пат така и сега, гласањето ќе биде со запазување на највисоките европски и меѓународни стандарди

Актуелниот шеф на државата и кандидат за втор претседателски мандат Стево Пендаровски вели дека држава која преговара со Европската Унија не смее да си дозволи лош изборен процес.
Пендаровски претпладнево, откако гласаше на своето избирачко место, рече дека очекува мирен изборен ден.
„Денес очекувам мирен изборен ден, мирен прв изборен круг. Се разбира, така очекувам да биде и на 8 мај кога ќе имаме парламентарни и втор круг претседателски избори. Тоа е исклучително битно, не толку за индивидуалните кариери на секој од нас кандидатите на овие претседателски избори туку е исклучително битно за целата држава зашто држава која преговара со Европската Унија не смее да си дозволи лош изборен процес“,
рече Пендаровски.
Според него, државава која е независна повеќе од 30 години има поминато многу изборни циклуси.
Пендаровски изрази надеж дека, како минатиот пат така и сега, гласањето ќе биде со запазување на највисоките европски и меѓународни стандарди.