Османи рече дека граѓаните денеска имаат можност да излезат масовно да гласаат и својот глас да го дадат според своето убедување, но, како што рече, да гласаат со цел и надеж за подобри денови на нашата држава во големата европска фамилија

Два часа по отворањето на гласачките места, кандидатот за претседател на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, Бујар Османи, откако го даде својот глас во избирачко место во ОУ „Адем Јашари“, во изјава за медиумите рече дека посакува изборите денеска да бидат слободни, фер и демократски.
Османи рече дека граѓаните денеска имаат можност да излезат масовно да гласаат и својот глас да го дадат според своето убедување, но, како што рече, да гласаат со цел и надеж за подобри денови на нашата држава во големата европска фамилија.
„Мислам дека овие избори не се обични избори, туку се одлучувачки избори по однос на иднината на државата. Граѓаните се исправени пред две опции – пред изолацијата или интеграцијата. Очекувам да ја донесат правата одлука“,
рече Османи.