„Северна Македонија излечена од епидемијата на корупција како предуслов за социјален и економски развој. Како претседател на Републиката, ветувам дека посветено ќе работам Северна Македонија да биде безбедна држава и да ја промовира регионалната безбедност и мир. Ќе се погрижам да имаме кредибилни одбранбени капацитети, како дел од нашите обврски во НАТО и ЕУ. Ќе се борам да ја вратам довербата во правосудниот систем со борба против корупцијата. Со сето свое битие ќе ја бранам консензуалната демократијата, слобода на изразување и правосуден систем“, рече кандидатот за претседател на коалицијата „Влен“
Како претседател на Републиката, се обврзувам дека мојата надворешна политика ќе се заснова на европски и прозападни вредности, со цел членство на земјата во Европската унија. Тоа ќе го постигнеме со поддршка на нашиот постојан сојузник, без помош на кого не би биле таму каде што сме денес, а тоа се Соединетите американски држави.
Ова денеска кандидатот за претседател на „Влен“ Арбен Таравари го порача на последниот митинг од изборната кампања во првиот круг од плоштадот „Скендербег“ во Скопје, посочувајчи дека за нив пријателството со Америка е свето, како и дека коалицијата „Влен’ ветила дека секој чекор што ќе го преземеме во иднина ќе биде целосно во согласност со стратешкиот интерес на САД, односно како што додаде, Северна Македонија интегрирана во ЕУ и далеку од руските влијанија.

„Овде доаѓаме по многу собири и состаноци низ другите градови и села во државата, каде што ги видовме и допревме секојдневните проблеми на нашиот народ. Сиромаштија и невработеност, проблеми во клиниките и болниците, немање инвестиции и субвенции. Ова е за жал реалноста на нашиот народ по 22 години неодговорна и корумпирана власт. Доаѓаме тука и по средбите со Албин Курти и многу пријатели и браќа од Косово, кои ја поддржуваат нашата победа, многу сме свесни за задачата што не чека, затоа се здруживме сите како алијанса, со заедничко движење, да дадеме збор (беса), и под бројот 6 да нудиме алтернатива, која вреди“,
рече Таравари.
Посочи дека тој е за Северна Македонија членка на Европската Унија, со трајно пријателство со САД и дека делата на коалицијата „Влен“ ќе бидат целосно во согласност со стратешкиот интерес на САД.
„Северна Македонија излечена од епидемијата на корупција како предуслов за социјален и економски развој. Како претседател на Републиката, ветувам дека посветено ќе работам Северна Македонија да биде безбедна држава и да ја промовира регионалната безбедност и мир. Ќе се погрижам да имаме кредибилни одбранбени капацитети, како дел од нашите обврски во НАТО и ЕУ. Ќе се борам да ја вратам довербата во правосудниот систем со борба против корупцијата. Со сето свое битие ќе ја бранам консензуалната демократијата, слобода на изразување и правосуден систем“,
вели кандидатот за претседател на „Влен“.