Пред неколку дена ирански официјален претставник предупреди дека амбасадите во Израел повеќе не се безбедни, сугерирајќи дека зградата на нивниот конзулат може да биде можна цел
Американската амбасада во Израел им го ограничила движењето на своите вработени и на нивните семејства поради стравување од можни напади од страна на Иран, пренесува Би-би-си. На членовите на персоналот во американската амбасада на САД во Израел им било кажано да не патуваат надвор од областите на Ерусалим, Тел Авив или Беер Шава.

Ваквите мерки се преземени од амбасадата на САД во израел откако серија закани од Иран беа упатени кон Израел по бомбардирањето на иранскиот конзулат, во кој загинаа високи команданти, а кое се случи пред десетина дена во Дамаск, Сирија.
Нападот се случи во време на континуирани дипломатски напори да се спречи ширењето на војната во Газа низ регионот.
Иранскиот лидер пред неколку дена рече дека израелскиот напад во Дамаск го сметаат за еквивалентен напад на Иран.
„Кога ја нападнаа областа каде што се наоѓа нашиот конзулат, тоа е исто како да ја нападнаа нашата територија. Злобниот режим мора да биде казнет и ќе биде казнет“,
рече ајатолахот Али Хамнеи.
Но, како што пишува Би-би-си, сè уште не е јасно во каква форма ќе се случи нападот, односно како што пренесуваат медиумите, најавената одмазда.
Израел тврди дека не стои зад нападот, додека неколку претставници на Иран исто така претходно се заканија со одмазда за нападот, вклучително и врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој рече „тој злобен режим мора да биде казнет.
Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека САД ќе го поддржи Израел во случај на можен напад од страна на Иран.
„Како што му кажав и на премиерот Бенџамин Нетанјаху, останува цврста нашата посветеност на безбедноста на Израел против заканите од Иран и неговите сојузници. Ќе направиме се што можеме за да ја заштитиме безбедноста на Израел “,
рече Бајден.
Командантот одговорен за американските операции на Блискиот Исток, Ерик Курила, отпатува во Израел на разговори со официјални лица за безбедносните закани.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен разговараше со министрите за надворешни работи на Кина, Саудиска Арабија и Турција, со цел да се потенцира дека понатамошната ескалација не е во ничиј интерес.
Како што пишува Би-би-си, можна алтернатива е напад преку ирански посредник како Хезболах, кој често изведува помали напади врз Израел од соседен Либан.
Пред неколку дена, ирански официјален претставник предупреди дека амбасадите во Израел повеќе не се безбедни, сугерирајќи дека зградата на нивниот конзулат може да биде можна цел.
Во нападот во октомври вооружени напаѓачи убија 1 200 луѓе и земаа повеќе од 250 како заложници откако преминаа во Израел од Газа.
Според Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, повеќе од 33 000 луѓе, главно жени и деца се убиени во израелските напади.
Војната започна по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година врз Израел во кој загинаа 1 200 луѓе. Израелска инвазија потоа во Газа расели повеќе од 2,3 милиони луѓе.
Израел вели дека од 130 заложници се уште во Газа, а најмалку 34 се мртви.