Според информациите на „Ал Кахера“ делегациите на Хамас и Катар го напуштиле Каиро и ќе се вратат во рок од два дена за да се договорат за условите на конечниот договор, додека делегациите на Израел и САД ќе заминат за неколку часа. Се додава дека консултациите ќе продолжат во следните 48 часа

Разговорите за примирје во конфликтот во Газа постигнуваат напредок во Каиро и сите страни се согласија за основните точки, соопшти утринава египетскиот државен ТВ-канал „Ал Кахера њуз“ цитирајќи висок египетски извор.
Израел и Хамас испратија тимови во Египет во неделата на нови разговори за потенцијален прекин на огнот во шестмесечниот конфликт.
„Ројтерс“ пренесува дека засега нема коментар од Хамас и ниту една од страните во разговорите во Каиро не ја потврдила веста на „Ал Кахера њуз“.
Според информациите на „Ал Кахера“, кои ги пренесува „Ројтерс“, делегациите на Хамас и Катар го напуштиле Каиро и ќе се вратат во рок од два дена за да се договорат за условите на конечниот договор, додека делегациите на Израел и САД ќе заминат за неколку часа. Се додава дека консултациите ќе продолжат во следните 48 часа.
Progress has been made in discussions in Cairo on a #Gaza conflict truce and there is agreement on the basic points between all parties involved, #Egypt’s Al-Qahera News says, citing a senior Egyptian source. https://t.co/CvWwJrrKlU pic.twitter.com/tYUmb7H11T
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) April 7, 2024
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата изјави дека Израел нема да се согласи на прекин на огнот без ослободување на заложниците, додека Хамас ги повтори своите барања, кои вклучуваат траен прекин на огнот, повлекување на израелските сили од Газа и враќање на раселените луѓе.
Нетанјаху рече дека и покрај зголемениот меѓународен притисок, Израел нема да попушти пред екстремните барања на исламистичките владетели на Газа.
Илјадници израелски демонстранти во неделата се собраа во Ерусалим барајќи ослободување на околу 130 заложници кои сè уште се држат во Газа.
