Четириесет и пет пациенти се излекувани од ковид-19 во последниве 24 часа, регистрирани се 15 нови заболени и едно лице е починато, информира Министерството за здравство.
Оздравените лица по градови се од: Скопје-19, Куманово-25, Прилеп-1.
„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска за првпат од почетокот на епидемијата, во 24 часа, нема прием на нови пациенти, позитивни или сомнителни на ковид-19. На оваа клиника почина еден пациент, 61 годишен од Струга, со повеќе коморбидитети и тешка форма на болеста, хоспитализиран од 24 април, а испишани се осум. Во моментов се хоспитализирани 39 пациенти, од нив 20 потешко болни и на кислородна поддршка и еден критично болен пациент на механичка вентилација“,
информира Министерството.
Во изминатите 24 часа направени се 199 тестирања, а потврдени се 15 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-7, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1.
„Лабораторијата на Жан Митрев достави допис со исправка до ИЈЗ за позитивни резултати на три лица (2 од Скопје и 1 од Битола) пријавени на 24 април. Трите лица се всушност негативни, а причина за грешката е најверојатно контаминација на материјалот. Кај трите лица лабораторијата во Жан Митрев уште веднаш, на 25 април, направила контролен тест на оригиналниот материјал, но и на нов брис по што се добиени негативни резултати, а истите лица се тестирани и преку ИЈЗ и тие резулатати се негативни“,
информира Министерството.

Во изминатово деноноќие тестирањата се одвивале преку : ИЈЗ –179, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода – 10 и МАНУ -10. Досега во земјата се направени вкупно 16 997 тестирања на ковид -19.
Во изминатото деноноќие во ГОБ „8 септември“ примени се девет нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 29. На респираторна машина се четири пациенти, а уште тројца се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се лекуваат четири пациенти, а на домашно лекување се следат три. Во болницата во Штип се хоспитализирани двајца пациенти, а уште четворица се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 47 позитивни и суспектни на ковид-19.
Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1506, бројката на оздравени пациенти е 852 , на починати е 82, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 572. Последната дистрибуција по градови е следна:
– Скопје – 509
– Куманово – 400
– Дебар – 51
– Штип-34
– Прилеп –157
– Тетово – 85
– Струга – 67
– Велес – 77
– Битола –19
– Охрид –15
– Кавадарци – 5
– Гостивар –17
– Гевгелија – 4
– Струмица – 2
– Крива Паланка-5
– Радовиш – 4
– Крушево – 3
– Кочани – 31
– Пробиштип – 2
– Кичево – 2
– Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
– Демир Хисар – 1
– Македонски Брод -2
– Пехчево- 2
– Делчево-1
– Валандово -1
– Виница – 2