Согласно последниот, вчерашен извештај на Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство, информира дека во шест градови во земјава, во Дебар, Радовиш, Гевгелија, Струмица, Пробиштип и Демир Хисар нема повеќе активни случаи со ковид-19.
Од почетокот на епидемијата, во Дебар беше регистриран 51 случај, досега четири лица починаа, а 47 се оздравени.
„Во Радовиш и Гевгелија беа регистрирани по четири случаи, во Струмица два, во Пробиштип два, а во Демир Хисар еден позитивен случај на коронавирусот. Во овие градови не се регистрирани смртни случаи од ковид-19, а сите евидентирани ковид позитивни се оздравени“,
соопшти Министерството.