Инаку, ноќта, како што пренесува Ројтерс, била релативно тивка во Украина по серијата жестоки напади врз енергетската инфраструктура на земјата кои Русија ги изврши пред повеќе од една недела
Украинската противвоздушна одбрана соборила две од три беспилотни летала „шахед“, кои ноќеска биле лансирани од Русија, соопшти утрово официјален Киев.

Од Генералштабот на украинската војска во извештајот објавен на социјалната мрежа Фејсбук не соопштуваат повеќе детали за нападот поради што останува нејасно дали еден од дроновите ја погодил целта.
Инаку, ноќта, како што пренесува Ројтерс, била релативно тивка во Украина по серијата жестоки напади врз енергетската инфраструктура на земјата кои Русија ги изврши пред повеќе од една недела.
На 22 март руските сили го изведоа најголемиот удар на енергетската инфраструктура на земјата од почетокот на инвазијата врз Украина на 24 февруари 2022 година. Нападите предизвикаа големи штети и резултираа со големи прекини во снабдувањето со електрична енергија ширум Украина.
Минатата недела Русија продолжи да ги гаѓа термо и хидроцентралните во Украина користејќи беспилотни летала и крстосувачки ракети.
