Илјадници жени формираа човечки синџир на собирот за да испратат порака за поддршка за ослободување на заложниците во Газа, особено за 19-те преостанати затворенички за кои се верува дека Хамас ги држи во палестинската енклава, објави Би-би-си

Илјадници луѓе се собраа синоќа во израелскиот град Тел Авив за да побараат заминување на „корумпираната влада“ на премиерот Бенјамин Нетанјаху и ослободување на заложниците кои се држат во Газа.
Демонстрантите, кои на маици и транспаренти носеа пароли против израелскиот премиер и натписи „Вратете ги заложниците дома!“, се судрија со полицијата која употреби водени топови, пренесе Бета.
?Anti-Netanyahu protests turned violent in #TelAviv as Israeli police attacked protesters who demanded Netanyahu’s resignation.pic.twitter.com/SXkwcLInf1
— ⚡️? World News ?⚡️ (@ferozwala) March 9, 2024
Илјадници жени формираа човечки синџир на собирот за да испратат порака за поддршка за ослободување на заложниците во Газа, особено за 19-те преостанати затворенички за кои се верува дека Хамас ги држи во палестинската енклава, објави Би-би-си.
Главно повозрасните граѓани излегоа на улиците и неуморно скандираа „Избори! Сега!“, „Врати ги заложниците! Сега!“.
Демонстрантите кои се собраа потсетија дека „Бенјамин Нетанјаху, обвинет за измама и корупција, ќе мора да се соочи со правдата кога ќе ја напушти власта“.
Тие потсетија и на извештајот на истражната комисија, која оваа недела утврди лична одговорност на израелскиот премиер за трагедијата на планината Мерон во април 2021 година, кога во стампедо загинаа 45 аџии.