Неговото заминување доаѓа помалку од еден месец откако папата Франциск ја прифати оставката на полскиот надбискуп обвинет во документарен филм од 2021 година дека игнорирал злоупотреба на деца
Папата Франциск ја прифати оставката на полскиот бискуп затоа што невнимателно водел случаи на свештеничка сексуална злоупотреба на малолетници, соопштија денеска неговите претставници во Полска.
Анджеј Џиуба, епископ во Лович, не пријавил во полиција свештеник од неговата епархија кој малтретирал 14-годишно момче, јавуваат локалните медиуми.
„Забележани се потешкотии во управувањето со епархијата, особено негрижа во постапувањето со случаите на свештеничка сексуална злоупотреба на малолетници“,
соопшти Апостолската нунцитура во Полска.
Светата столица побара од Џиуба да се повлече, се додава.
Епархијата Лович на својата веб-страница објави дека Џиуба се пензионира, повикувајќи се на одлуката на папата Франциск да ја прифати неговата оставка без никакво појаснување.
Неговото заминување доаѓа помалку од еден месец откако папата Франциск ја прифати оставката на полскиот надбискуп обвинет во документарен филм од 2021 година дека игнорирал злоупотреба на деца.
Во Полска, една од најпобожните католички земји во Европа, се случија серија скандали за злоупотреба на деца, а црквата пред две години објави дека примила 368 пријави за злоупотреба на деца во периодот од 1 јули 2018 до 31 декември 2020 година.
Според податоците од 2021 година, 71 отсто од населението се сметаат за католици.
Фото: EPA-EFE/Christopher Neundorf