Генералот Валериј Залужни многумина го сметаат за национален херој во Украина, каде што две години ја водеше борбата против руската окупаторска армија. Според анкетите, тој е и најдоверливата јавна личност. Сепак, тој беше критикуван од канцеларијата на Зеленски во ноември кога Залужни сугерираше дека војната дошла во ќор-сокак
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го назначи поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, за нов амбасадор во Велика Британија, еден месец откако беше сменет од функцијата по тензиите меѓу него и Зеленски, пишува „Тајмс“.
Генералот Валериј Залужни многумина го сметаат за национален херој во Украина, каде што две години ја водеше борбата против руската окупаторска армија. Според анкетите, тој е и најдоверливата јавна личност. Сепак, тој беше критикуван од канцеларијата на Зеленски во ноември кога Залужни сугерираше дека војната дошла во ќор-сокак.
Тој беше заменет како врховен командант на Украина во февруари од генералот Олександр Сирски, кој ја надгледуваше успешната контраофанзива на Киев во близина на Харков во 2022 година.
„Тој сака да го тргне настрана“
Најавата за назначувањето на Залужни за амбасадор дојде откако Зеленски се сретна со британскиот министер за одбрана Грант Шапс во Киев.
„Нашиот сојуз со Британија треба само да зајакне. Залужни ми рече дека тоа е насоката по која би сакал да оди, дипломатијата“,
рече Зеленски.
Залужни е магистер по меѓународни односи и зборува англиски јазик.
Украина немаше амбасадор во Велика Британија откако нејзиниот поранешен пратеник Вадим Пристајко беше сменет во јули 2023 година по јавните го критики упатени кон Зеленски.
Залужни сè уште не се изјаснил за неговото назначување и не е јасно дали бил присутен на средбата со Шапс. Сепак, критичарите на Зеленски веројатно ќе го сфатат овој потег како обид дополнително да го турнат популарниот генерал настрана.
Добар компромис, Залужни наводно сакал амбасадорско место
Иако Залужни не стави до знаење дека сака да се занимава со политика, опозициските политичари го пофалија како најдобар кандидат кој на крајот ќе го замени Зеленски како претседател. Во Украина требаше да се одржат претседателски избори овој месец, но тие беа одложени на неодредено време поради вонредната состојба воведена на почетокот на војната.
„Ова беше добар компромис за двете страни. Кабинетот на претседателот ја елиминира можноста кои било политички играчи во Украина да го вовлечат Залужни во политиката, а тој добива ново вредно дипломатско искуство за кое отсекогаш бил заинтересиран“,
рече Володимир Фесенко, украински политички аналитичар.
