Според извештаите на тамошната полиција, авионот веднаш по падот се запалил, а се смета дека сите патници во авионот загинале
На авионот му било дозволено итно слетување на локалниот аеродром. Пилотот набрзо ѝ рекол на контролата на летање дека нема да стигне до пистата
Мал едномоторен авион вчеравечер се урнал на тревна површина веднаш до сообраќајната лента на автопатот во градот Нешвил во американската држава Тенеси, пренесува Си-ен-ен.

Според извештаите на тамошната полиција, авионот веднаш по падот се запалил, а се смета дека сите патници во авионот загинале.
На авионот му било дозволено итно слетување на локалниот аеродром. Пилотот набрзо ѝ рекол на контролата на летање дека нема да стигне до пистата.
На автопатот нема повредени возачи, а на терен нема оштетени возила.
Снимки од сообраќајните камери објавени на социјалната мрежа Јутјуб покажуваат и дека на автопатот имало голем метеж во времето кога паднал авионот.
Снимките од очевидците објавени на социјалната мрежа Икс покажуваат дека паднатиот авион е во пламен и чад.
JUST IN: ⚠️ Plane crashes in West Nashville near I-40, multiple fatalities have been reported..
— Chuck Callesto (@ChuckCallesto) March 5, 2024
DEVELOPING..
pic.twitter.com/foxNtcTjYz
Управата на аеродромот во Нешвил соопштила и дека Националниот одбор за безбедност на транспортот и Федералната управа за авијација ќе го истражат овој инцидент.
BREAKING: Small plane crashes near I-40 in West Nashville. Several people have died. pic.twitter.com/EutLWOFlf8
— The General (@GeneralMCNews) March 5, 2024
На местото на несреќата веднаш пристигнале Противпожарната служба и службите на Итната медицинска помош.
„Ударот на авионот беше катастрофален и никој не преживеа“,
изјави портпаролката на противпожарната служба Кендра Лони.
Според Си-ен-ен, полицијата ги идентификува жртвите и сè уште работи на утврдување од каде полетал авионот.