Според првичните информации повредените лица се хоспитализирани во Општата болница во Велес. Засега нема детали за нивната состојба и за видот на повредите
Во тешка сообраќајна несреќа која вечерва се случила на магистралниот пат Штип – Велес, едно лице загинало, а две се повредени. Информацијата за МИА ја потврдила портпаролката на Секторот за внатрешни работи Штип, Гордана Панајотова.
Несреќата се случила кај крстосницата за селата Каратманово и Милино, а во неа учествувале две возила.
Првичните информации што ги пренесува новинската агенција велат дека двете повредени лица се хоспитализирани во Општата болница во Велес. Засега нема детали за нивната состојба и за видот на повредите.
Сообраќајната несреќа се случила околу 18:20 часот, а во неа учествувале возило марка „сузуки“ со светиниколски регистарски ознаки и „бмв“ со радовишки ознаки.
Екипи на надлежните институции вршат увид на местото на несреќата, а сообраќајот на овој експресен пат е во прекин.