По направените безбедносни проверки, кои траеле речиси три часа, утврдено е дека дојавите за поставени експлозивни направи во авионите се лажни
Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград денеска добил дојава за поставена бомба во два авиони, јави српскиот радиодифузен сервис. Известувањето за поставени експлозивни направи во два авиона на белградскиот аеродром било испратено околу 14 часот, а веднаш потоа се направени антитерористички проверки.

По направените безбедносни проверки, кои траеле речиси три часа, утврдено е дека дојавите се лажни.
Еден од авионите, како што објави РТС, веќе полетал од белградскиот аеродром, а другиот се подготвува за летот, а авионскиот сообраќај се одвива непречено.
Сообраќајот на белградскиот аеродром и вчера времено беше прекинат по добиена дојава за поставена бомба во авион на црногорската авиокомпанија „Ер Монтенегро“.