Снимката споделена од тимот на Алексеј Навални покажува голема толпа која скандира и плеска додека погребната кола пристигнува пред црквата. Во околината на црквата се присутни многубројни полициски сили
Кремљ денеска соопшти дека собирањето на луѓе за погребот на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, што ќе се одржи подоцна денеска, е во спротивност со законот, пренесоа британските медиуми.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одби да даде оценка за Навални како политичка фигура и додаде дека нема што да му каже на неговото семејство.
Повеќе од 1 000 луѓе се собраа пред црквата во Москва, каде што денеска ќе се одржи погребот на Навални, за да се простат од него, соопшти неговиот политички сојузник Леонид Волков, цитиран од британските медиуми.
Тимот на Навални објави дека погребната кола со телото на Алексеј Навални пристигна во црквата во Марина, место на периферијата на Москва.
Снимката споделена од тимот на Алексеј Навални покажува голема толпа која скандира и плеска додека погребната кола пристигнува пред црквата. Во околината на црквата се присутни многубројни полициски сили.
Катафалк с телом Алексея подъехал к храму pic.twitter.com/tX1sy9z0cj
— Кира Ярмыш (@Kira_Yarmysh) March 1, 2024
Претходно портпаролката на починатиот опозициски лидер Кира Јармиш изјави дека церемонијата на простување треба да почне во 14 часот по локално време.