Лондонската противпожарна бригада на социјалната мрежа Икс објави дека 11 лица се хоспитализирани поради вдишување чад, но и дека околу 130 жители морале да бидат евакуирани од имотот каде што започнал пожарот, како и од соседните згради
Единаесет лица биле префрлени во болница откако избувнал пожар приземјето во куќа со повеќе посебни станови во луксузната лондонска населба Јужен Кенсингтон, кој брзо се проширил на другите катови, пренесува „Гардијан“.

Петнаесет противпожарни возила и околу 100 пожарникари интервенирале да го изгаснат пожарот во станбениот објект што се наоѓа во близина на Природонаучниот музеј.
Лондонската противпожарна бригада на социјалната мрежа Икс објави дека 11 лица се хоспитализирани поради вдишување чад, но и дека околу 130 жители морале да бидат евакуирани од имотот каде што започнал пожарот, како и од соседните згради.
In total around 130 residents have been evacuated from the #SouthKensington property where the fire started & its neighbouring buildings.
— London Fire Brigade (@LondonFire) March 1, 2024
Around 11 people have been treated for smoke inhalation & taken to hospital by @Ldn_Ambulance https://t.co/RveUNI96Ri pic.twitter.com/lJGlPA9wzV
Портпаролот на лондонската брза помош изјавил дека повредените се пренесени во лондонските болници.
Противпожарната служба соопшти и дека било запалено половина од приземјето на зградата.
„Пожарот се прошири од приземјето до горниот кат и покривот на имотот. Екипите работат исклучително напорно за да го локализираат ширењето на соседните згради“,
рече директорот на станицата Стив Колинс.
Оттаму велат дека причината за пожарот сè уште не е позната.