Производителот на хеликоптерот рекол дека безбедноста на овие летала е нивен главен приоритет и дека се подготвени да ја поддржат истрагата во која би се утврдиле причините за несреќата
Хеликоптерот паднал во океан во близина на брегот на западна Норвешка. Несреќата се случила вчера, откако било известено дека хеликоптерот исчезнал од радарските станици. Тамошната полиција соопштила дека по пронаоѓање на хеликоптерот едно лице е починато, а другите пет кои биле во леталото се повредени.
? NOW- One Dead, Five Injured in Norwegian Helicopter Crash?Oslo, Norway |
— Overton (@OvertonLive) February 29, 2024
In a harrowing incident off the coast of western Norway, authorities confirm one fatality and five injuries resulting from a helicopter crash into the ocean.
The Sikorsky S-92 aircraft, operated by… pic.twitter.com/f4M6P5G30n
Како што велат норвешките власти, хеликоптерот „сикорски С-92“ управуван од Бристу Норвешка во време кога се случила несреќата бил во мисија за обука и спасување.
Спасувачите извлекле шест лица од морето, но кај едно лице подоцна била констатирана смрт во болница.
„Еден од петте преживеани имал само полесни повреди, додека останатите четворица се здобиле со различен степен на повреди“,
велат од полицијата.

Причината за несреќата сè уште не е позната.
Локхид Мартин Сикорски, кој е производител на хеликоптерот, рече дека безбедноста на овие летала е нивен главен приоритет и оти се подготвени да ја поддржат истрагата во која би се утврдиле причините за несреќата.
Енергетската групација Еквинор соопшти дека хеликоптерот, кој бил во мисија за пребарување и спасување, вообичаено ги опслужувал платформите на полето за нафта и гас Осеберг во Северното Море.