Привремената забрана за извоз не се однесува на договорените количини на испораки во земјите од Евроазиската економска унија, како Монголија, Узбекистан, Абхазија и Јужна Осетија
Русија од 1 март ќе забрани извоз на бензините во наредните шест месеци, потврдил рускиот премиер Михаил Мишустин, пренесува Ројтерс.
Целта на оваа одлука е да се одржат стабилни цените на бензините, но и да се ограничи зголемената побарувачка од потрошувачите и земјоделците, како и да се овозможи одржување на рафинериите во вториот по големина извозник на нафта во светот.

Привремената забрана за извоз не се однесува на договорените количини на испораки во земјите од Евроазиската економска унија, како Монголија, Узбекистан, Абхазија и Јужна Осетија.
Вицепремиерот Александар Новак, човек на претседателот Владимир Путин назначен за огромниот енергетски сектор во Русија претходно му се обратил на премиерот со предлог за воведување привремена забрана.
Новак во писмото од февруари напоменал дека на домашниот пазар наскоро ќе се зголеми сезонската побарувачка за гориво.
Минатиот септември Русија воведе забрана за извоз на гориво, освен во Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан, а со цел да се бори против недостигот на бензин, но и високите домашни цени.
Сите ограничувања потоа беа укинати до ноември 2023 година.
