За обука на младите регрути во склоп на новиот обврзувачки воен рок, кој сака да го воведе владата на ХДЗ и Андреј Пленковиќ, избрани се четири центри – во Пожег, Сињ, Пула и Бјеловар. Младинците ќе ги обучуваат 650 инструктори
Министерството за одбрана на Хрватска и Генералниот штаб на хрватската армија го воспоставиле моделот по кој ќе се обучуваат младите Хрвати.
Пред два месеца премиерот Андреј Пленковиќ изјави дека не доаѓа предвид да се врати служењето војска во неговата држава, а сега веќе се финализира моделот според кој, во Хрватска ќе се врати редовна воена обука во времетраење од три месеци.
За мажите – веднаш штом наполнат 18 години ќе бидат повикани на воена обука, а жените ќе можат да се пријават доброволно.
Моделот од три месеци служба, кој допрва треба да се најде пред хрватската влада, како и нивното собрание, има за цел да работи на физичката подготвеност и темелните воени вештини.
Проценките на Хрватска се дека годишно околу 17 000 млади Хрвати би биле на располагање на државата да ги обучува.
Воените рокови во Хрватска се укинати во 2008 година, а се очекува да се вратат во 2025 година.