Земјотресот бил почувствуван во пошироко подрачје, од Дубровник до Задар

Земјотрес со јачина од 4,9 според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Јадранското Море во 10:23 часот по локално време, објави Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки институт, епицентарот на земјотресот бил во Јадранското Море, 80 километри јужно од островот Мљет, на 94 километри од Дубровник и на 104 километри североисточно од Бари.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот бил почувствуван во пошироко подрачје од Дубровник до Задар.
Нема информации за причинета материјална штета.