Во објавата на Фејсбук во која информира за посетата на Конзулатот во Венеција, министерот пишува дека од денеска таму ќе се работи двосменски и во сабота и во недела. Дополнително, додава дека мобилната станица за фотографирање за патни исправи која се користи во овој Конзулат, согласно однапред утврден распоред ќе се користи и во македонската амбасада во Рим и Малта
Во серијата посети на македонските дипломатско-конзуларни претставништва низ градови во Европа, министерот за надворешни работи Бујар Османи последно го посети Генералниот конзулат на РСМ во Венеција каде што македонските граѓани се фотографираат за патни исправи со новото уставно име.

„Ќе треба да смениме нешто бидејќи доста луѓе сте, а ми кажуваат дека термините се до октомври. Некако да направиме на две смени, да ја донесеме станицата (за фотографирање). Што ќе прават тие до октомври, како ќе се вратат? Јас мислев да пратам инспекција во сите ДКП ама решив лично да дојдам. Да видиме по колку на ден би се фотографирале, нема логика да чекаат до октомври, ќе ги заглавиме луѓето овде. Треба да се организираме, да се дуплира бројот на тие што се фотографираат“,
рече Османи во разговор со вработените во македонскиот конзулат во Венеција.
Во објавата на Фејсбук во која информира за посетата на Конзулатот во Венеција, Османи пишува дека од денеска таму ќе се работи двосменски и во сабота и во недела. Дополнително, додава дека мобилната станица за фотографирање за патни исправи која се користи во овој Конзулат, согласно однапред утврден распоред ќе се користи и во македонската амбасада во Рим и Малта.
Шефот на македонската дипломатија претходно ги посети Амбасадата во Берн, Швајцарија и Конзулатот во Бон, Германија каде што стави во функција дополнителна станица за фотографирање за патни исправи.