Предлогот Демири да го пополни последното место во ДИК беше усвоен со 10 гласа „за“, ниту еден „против“ и еден „воздржан“. Одлуката сега треба да се најде на пленарна седница во Собранието, а за да биде усвоена е потребно двотретинско мнозинство, односно поддршка од најмалку 80 пратеници
Предлогот на опозициските партии на Албанците, Абдуш Демири да биде нов член на Државната изборна комисија (ДИК), беше усвоен на денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Предлогот Демири да го пополни последното место во ДИК беше усвоен со 10 гласа „за“, ниту еден „против“ и еден „воздржан“. Предлогот сега треба да се најде на пленарна седница во Собранието, а за да биде усвоен е потребно двотретинско мнозинство, односно поддршка од најмалку 80 пратеници.

Во трката за член на ДИК беше и Зулфи Адили, предложен од Европската демократска партија на Аријанит Хоџа, кој вчера се повлече поради неговото именување за директор на Агенцијата за странски инвестиции.
Откако актуелниот министер за правда Кренар Лога ја презеде министерската функција, едно место во Државната изборна комисија остана испразнето. За член на ДИК беа пријавени Абдуш Демири, поддржан од коалицијата „Европски сојуз за промени“ и Зулфи Адили поддржан од Европската народна партија на Аријанит Хоџа.
