Ниту еден извор не наведе точно за каков напад станува збор – ракетен, артилериски или напад со беспилотни летала. Градот Селидово, кој пред војната имаше околу 21 000 жители, се наоѓа во околината на градот Донецк, кој беше окупиран од Русија во 2014 година
Три лица загинаа, а дванаесет се ранети синоќа во руското бомбардирање на Селидово, во близина на Донецк во источна Украина, соопштија локалните власти. Во нападот беа погодени девет станбени згради и болница лоцирана на дваесетина километри западно од бојното поле, објави градскиот совет на Телеграм.

Меѓу загинатите има и едно дете, а меѓу ранетите има четири деца, информираат тие. Според гувернерот на регионот Донецк Вадим Филашкин, првиот напад се случил околу 23:30 часот, а вториот околу 1 часот по полноќ. Околу сто пациенти од погодената болница се евакуирани во болниците во Покровск и Мирноград, додаде тој на Телеграм.
Ниту еден извор не наведе точно за каков напад станува збор – ракетен, артилериски или напад со беспилотни летала. Градот Селидово, кој пред војната имаше околу 21 000 жители, се наоѓа во околината на градот Донецк, кој беше окупиран од Русија во 2014 година.
Русија: Соборени девет украински беспилотни летала
Руската воздушна одбрана собори две украински беспилотни летала над регионот Белгород, во близина на границата со Украина, еден е соборен над Воронеж, а шест над Црното Море, соопшти руското Министерство за одбрана, а пренесува агенцијата Риа Новости.
Според гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков, една жена е ранета и хоспитализирана. Ниту Гладков, ниту руското Министерство за одбрана не пријавиле евентуална штета.