Главната воена разузнавачка агенција на Украина соопштила дека пресретнала размена меѓу двајца војници кои разговарале за поставување на терминалите, како и дека за тоа поседува и аудиоснимка, која како доказ ја испратила на Телеграм
Украина тврди дека руските сили ги користат терминалите на сателитска интернет услуга „Старлинк“ на Илон Маск за комуникација меѓу војниците кои војуваат во окупираните области, пренесува „Гардијан“.

Главната воена разузнавачка агенција на Украина соопштила дека пресретнала размена меѓу двајца војници кои разговарале за поставување на терминалите, како и дека поседува и аудиоснимка за тоа, која како доказ ја испратила на Телеграм.
„Регистрирани се случаи на употреба на дадените уреди од страна на руските окупатори. Ова почнува да добива системска природа“,
рече портпаролот на украинското одбранбено разузнавање Андриј Јусов.
Илон Маск и „Старлинк“ негираат дека и ги продавале терминалите за сателитски интернет на Русија, но не коментираат ниту негираат дека можеби руските сили ги употребуваат во окупираните области на Украина.
Терминалите „Старлинк“ беа побарани да и помогнат на Украина по руската инвазија во февруари 2022 година и беа од витално значење за комуникацијата на бојното поле на Киев.
„Старлинк“ вели дека не работи каков било вид со руската влада или војска.
SpaceX does not do business of any kind with the Russian Government or its military.
— Starlink (@Starlink) February 8, 2024
Starlink is not active in Russia, meaning service will not work in that country. SpaceX has never sold or marketed Starlink in Russia, nor has it shipped equipment to locations in Russia. If…
„Терминалите се геооградени за да не функционираат на неовластени локации. Имаше дискусија на интернет дека, на пример, руските сили можеби ќе можат да ја измамат геооградата за да направат терминал во блокирана област да изгледа како да е во дозволена област. Исто така, има и наводи дека руските војници би можеле да користат незаконски набавени терминали во областите на Украина“,
велат од „Старлинк“.
Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Маск рече дека според нивните сознанија терминалите на „Старлинк“ не се продадени директно или индиректно на Русија.
„Голем број лажни извештаи тврдат дека ’Спејс икс’ ѝ продава терминали на ‘Старлинк’ на Русија. Ова е категорично неточно“,
рече тој.
Според него, доколку „Спејс икс“ добие сознание дека терминалот „Старлинк“ користи санкционирана или неовластена опрема, ќе преземеме дејствија за деактивирање на терминалот доколку се потврди тоа.