Минималните температури во земјава денеска ќе се движат од 1 до 8 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 5 до 16 степени
Денеска нè очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во источните делови од земјава врнежите ќе бидат пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Минималните температури во земјава денеска ќе се движат од 1 до 8 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 5 до 16 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има сончеви периоди, а попладне се очекува повремен дожд. Температурите во главниот град ќе се движат од минимални 5 до максимални 14 степени.
УХМР прогнозира слично време и за утре.
