Министерот за информатичко општество од АА ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање дали како исход од вечерашниот состанок на делегатите на Централното собрание на Алијанса може да се очекува нивно отцепување од партијата со оглед на тоа што АА поднесе предлог за негово и за разрешување на министерот здравство Фатмир Меџити
Нема отцепување од Алијанса зашто ние сме Алијанса за Албанците, изјави вечерва министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу од редовите на АА пред вечерашниот состанок на делегатите на Централното собрание на партијата кој го свика лидерот Арбен Таравари.
Алиу ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање дали како исход од вечерашниот состанок може да се очекува нивно отцепување од партијата со оглед на тоа што Алијанса официјално поднесе предлог за негово и за разрешување на министерот здравство Фатмир Меџити.
„Нема отцепување од Алијанса зашто ние сме Алијанса за Албанците. Другите се дел ‘дуисти’ во Алијанса за Албанците, така што тие дали ќе бидат заедно или ќе бидат на посебна листа, дали ќе формираат посебна политичка партија тоа е на нив“,
изјави Алиу во пресрет на вечерашниот собир на делегатите на Централното собрание на Алијанса.
Пред стартот на вечерашниот состанок во Куманово кој го свика партискиот лидер Таравари, Алиу изрази надеж дека во салата ќе има над 85 отсто од членовите во Централното собрание на партијата.
Прашан за коментар во врска со предлогот за неговото и за разрешувањето на Меџити од министерските позиции во Владата, Алиу рече дека утре ќе присуствува на седницата во Собранието на која ќе се расправа за нивните разрешувања и ќе даде коментар.
„Сè уште не сум го видел мејлот. Затоа што тој (премиерот Талат Џафери н.з.) примил мејл за мое разрешување. Се надевам дека ќе имам пристап до мејлот, да видам кој бара мое разрешување. Јас ќе бидам утре таму (во Собранието) и ќе одржам говор, па ќе видиме“,
изјави Алиу.
Предлогот за разрешување на министрите Азир Алиу и Фатмир Меџити, кое го побара нивната матична партија, премиерот на техничката влада Талат Џафери денеска го достави до Собранието, а седницата на која ќе се расправа за разрешувањето на двајцата министри од Алијанса е закажана за утре.