Турскиот министер за внатрешни работи објави дека пред судот во Истанбул бил спречен терористички напад, а дека двајцата напаѓачи – маж и жена – за кои било утврдено дека се членови на радикалната левичарска Револуционерна народноослободителна партија, која Турција ја класифицира како терористичка организација, биле убиени
Шест лица, од кои тројца полицајци, се ранети во пукотница пред зградата на судот во Истанбул, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја додавајќи дека двајца напаѓачи се убиени.

Турскиот министер објави дека бил спречен терористички напад на контролниот пункт пред портата на судската зграда во Чаглајан, Истанбул и дека двајца напаѓачи – маж и жена – биле убиени.
Според него, било утврдено дека напаѓачите биле членови на радикалната левичарска Револуционерна народноослободителна партија (ДХКП/Ц), која Турција ја класифицира како терористичка организација.
„Во моментот кога терористите кои се обиделе да нападнат биле неутрализирани, повредени се шест лица од кои тројца полицајци и тројца граѓани. На повредените им посакувам брзо закрепнување“,
објави турскиот министер за внатрешни работи на социјалната мрежа Икс.
Bugün Çağlayan Adliyesi C Kapısı önündeki kontrol noktasına yönelik terör saldırısı girişimi gerçekleşmiştir.
— Ali Yerlikaya (@AliYerlikaya) February 6, 2024
Etkisiz hale getirilen E.Y. ve P.B adlı hainlerin DHKP/C terör örgütüne üye oldukları tespit edilmiştir.
Saldırı girişiminde bulunan teröristler etkisiz hale…