Си-би-ес њуз, цитирајќи американски официјални претставници, во четвртокот објави дека САД одобриле планови за повеќедневни напади врз повеќе цели во Ирак и Сирија, вклучително и ирански персонал и објекти во тие земји
Иранскиот претседател Ебрахим Раиси денеска изјави дека неговата земја нема да започне војна туку силно ќе одговори на секој што ја малтретира. Изјавата на Раиси уследи по неколкудневните шпекулации за можна одмазда од Вашингтон откако тројца американски војници беа убиени во напад на проиранска група врз американска база во Јордан минатата сабота.
Си-би-ес њуз, цитирајќи американски официјални претставници, во четвртокот објави дека САД одобриле планови за повеќедневни напади врз повеќе цели во Ирак и Сирија, вклучително и ирански персонал и објекти во тие земји.
„Ние нема да започнеме никаква војна, но ако некој сака да не малтретира, ќе одговориме силно. Претходно, кога (Американците) сакаа да разговараат со нас, велеа дека воената опција е на маса. Сега велат дека немаат намера да се судираат Иран. Воената моќ на Исламската Република во регионот не е и никогаш не била закана за ниту една земја. Наместо тоа, таа обезбедува безбедност на која земјите во регионот можат да се потпрат и да ѝ веруваат“,
рече Раиси во телевизиско обраќање.
САД веруваат дека дронот што уби тројца американски војници и рани повеќе од 40 други е од иранско производство, изјавија четворица американски официјални лица за Ројтерс.
Извори рекоа дека елитната иранска Револуционерна гарда повлекува повеќе офицери од Сирија. Иранските советници им помагаат на вооружените групи во Ирак и Сирија. САД имаат околу 2 500 војници во Ирак и 900 во Сирија.