Според Сириската опсерваторија за човекови права, најмалку тројца проирански борци биле убиени во нападот во петокот. Ова е вторпат оваа недела Израел да ја гаѓа областа околу главниот град Дамаск, соопшти невладината организација
Сириската армија денеска соопшти дека соборила неколку израелски проектили истрелани од Голанската Висорамнина врз јужен Дамаск, јави државната новинска агенција САНА повикувајќи се на воен извор. Во текот на ноќта веќе кружеа извештаи за експлозија во близина на Дамаск.
Според Сириската опсерваторија за човекови права, најмалку тројца проирански борци биле убиени во нападот во петокот. Ова е вторпат оваа недела Израел да ја гаѓа областа околу главниот град Дамаск, соопшти невладината организација.
Израел со години напаѓа проирански цели во Сирија
Израел со години напаѓа цели поврзани со Иран во Сирија, земја каде што влијанието на Техеран се зголеми откако Иран почна да го поддржува претседателот Башар ал Асад во граѓанската војна што започна во 2011 година.
Откако палестинската милитантна група Хамас го нападна Израел на 7 октомври, Израел ги засили своите напади врз цели на проиранската милиција во Сирија и ја гаѓаше противвоздушната одбрана на сириската армија и некои сириски сили.