„Феноменот на поставување проформа албански лидери за една употреба сега ја опфаќа и Северна Македонија, во форма на поставување на Талат Џафери за премиер на ДУИ, но за да го рекламираат како прв албански премиер. На денот на неговото именување, баналната церемонија за самофалење со пердуви над срамот, во Северна Македонија сè уште имаме деца на кои не им е овозможено и не смеат да учат на својот мајчин јазик“, велат од Европскиот сојуз за промени

Здружените опозициски партии на Албанците оценуваат дека изборот на Талат Џафери за премиер на преодната влада личи на состојбата на Албанците во Социјалистичка Република Македонија во 1986 година.
„Во годината кога македонскиот естаблишмент го избра Вулнет Старова за претседател на Собранието на Социјалистичка Република Македонија. Именувањето на Вулнет Старова беше во иста линија и со ист мотив како и именувањето на Синан Хасани во 1986 година за претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“,
велат од Европскиот сојуз за промени.
Според опозициските партии на Албанците, во двата случаи етничката формалност била злоупотребена за негирање, казнување и понижување на албанскиот национален дух во поранешната југословенска федерација и поранешната Социјалистичка Република Македонија.
„Феноменот на поставување проформа албански лидери за една употреба сега ја опфаќа и Северна Македонија, во форма на поставување на Талат Џафери за премиер на ДУИ, но за да го рекламираат како прв албански премиер. На денот на неговото именување, во баналната церемонија на самофалење со пердуви над срамот, во Северна Македонија сè уште имаме деца на кои не им е овозможено и не смеат да учат на својот мајчин јазик. Во оваа Македонија на Талат Џафери, како и во онаа на Вулнет Старова и Синан Хасани, албанската младина која некогаш се школуваше во Приштина денес бара вработување на Запад. Во Македонија со успесите на преродбеникот на комунистичкото минато, г. Али Ахмети, сè уште затворите уште се преполни со Албанци. Во оваа Македонија на порталите на Артан Груби и Фатмир Бесими беспомошните повторно се напаѓани и навредувани за да се спасат насилниците и вагабонтите. Оние што своевремено преку кино ‘Напредок’ инсталираа неморални појави во срцето на скопската чаршија, денес инсталираат неморални појави преку казината и коцкањето“,
додаваат оттаму.
Европскиот сојуз за промени посочува дека поставувањето на Џафери нема да го означи триумфот на политиката на Али Ахмети, туку почетокот на падот на лагите.
Поставувањето на Талат Џафери ќе го означи не триумфот на политиката на Али Ахмети, туку почетокот на падот на лагите, измамите, злоупотребата, понижувањето на нацијата, профитерството од војната и предавството на идеалите за кои животот го дадоа толку многу млади, кои беа чесни, невини, храбри и спремни да се жртвуваат во смрт за реализирање на идеалот. Нема глас толку силен, аплауз толку заглушувачки, пофалби толку нежни што може да го запре прашањето што како сенка на срам и понижување ќе остане во умот на покајаниот водач на ОВК: Дали борбата беше направена за иднината на децата во Чашка, Велес, Битола, Прилеп, Крушево или за роднините на семејствата на доживотните функционери на ДУИ?“,
велат оттаму.
Со 65 гласа „за“ и три „против“, Собранието денеска ја изгласа техничката влада, по речиси двочасовна пленарна дискусија. Премиер во преодната влада ќе биде Талат Џафери од ДУИ.
